Засадени 1.000 садници багрем кај манастирот „Св. Димитриј“ во с. Селце

Во рамките на иницијативата „Екомисија – твојот потпис за природата“, успешно реализиравме уште една конкретна еколошка акција за пошумување и збогатување на зелениот појас околу Прилеп. На 14 ноември 2026 година, на локацијата кај манастирот „Св. Димитриј“ во селото Селце, беа засадени вкупно 1.000 садници багрем.
Акцијата помина во одлична атмосфера, со силен фокус на заедништвото, волонтеризмот и грижата за животната средина. За успешна и ефикасна реализација на терен, екипите на ЈКП „Комуналец“ претходно го подготвија земјиштето, а на самиот ден на акцијата асистираа и со сврдли за полесно поставување на садниците.
За граѓаните беше обезбеден организиран автобуски превоз од пред ЦК „Марко Цепенков“, а на терен се приклучија бројни вљубеници во природата, семејства и најмладите, кои со сопствен алат и добра волја дадоа свој личен придонес за позелен град. За освежување на сите се погрижија нашите партнери од Limonada.mk, кои обезбедија свежа лимонада за учесниците.
Со овој проект испративме јасна порака дека љубовта кон градот се покажува на дело – преку директно вклучување на заедницата, едукација на најмладите генерации и создавање поздрава иднина за сите нас.
Галерија







