Независна, непартиска и непрофитна граѓанска организација. Нашата мисија е преку конкретни проекти, дигитални алатки и директно вклучување на граѓаните, да го подобриме квалитетот на живеење во Прилеп.
Ние веруваме дека одлуките за градот треба да ги носат луѓето кои живеат во него. Наместо само да ја констатираме состојбата и да дебатираме за лошо лоцираните проблеми, ние нудиме платформа за конкретни чекори, реална акција и системски промени.
Веруваме дека можеме да изградиме совршени дигитални алатки и да исчистиме десетици локации, но без разбудување и надоградување на јавната свест на сите нас, промените ќе бидат само привремени. Секој од нас мора да разбере дека јавниот простор е наш заеднички двор, а не ничија земја.
Ние не сме тука само да чистиме по другите, туку заедно да научиме да не загадуваме. Не сме тука само да ги посочуваме грешките на системот, туку да изградиме култура на одговорност каде секој поединец си го крева гласот и си го заштитува маалото.
„Ништо нема да се смени, ако ништо не се смени."
Промената на Прилеп не зависи од некој друг — таа зависи директно од нашите секојдневни навики, нашиот револт и нашата подготвеност да преземеме акција наместо да чекаме друг да ни го реши проблемот.
За почеток, се фокусираме на три едноставни, но клучни столбови кои се неопходни за нормално функционирање на секоја современа заедница: чист, организиран и дигитализиран Прилеп.
Веруваме дека мора прво да ги решиме основните, базични потреби на градот за да можеме да градиме понатаму. Хигиената на јавните простори, правилното менаџирање со отпадот и уредените зелени површини се нашиот прв и најважен фокус. Без чиста средина, не можеме да зборуваме за никаков друг развој.
Подобрување на урбаната опрема, функционалност на јавните простори и инфраструктурни иницијативи кои го олеснуваат секојдневието на прилепчани.
Воведување на современи дигитални алатки преку кои граѓаните брзо, лесно и директно ќе можат да влијаат врз процесите во својата околина.
Ние сме здружение на граѓани предводено од тим на Прилепчани на кои им е преку глава и активисти од различни сектори. Она што нè обединува не е политичка или лична агенда, туку желбата за транспарентно и одржливо менаџирање на јавните простори и ресурси во Прилеп.
Нашиот основен принцип е целосна транспарентност и директно одлучување. Кај нас нема одлуки зад затворени врати или скриена хиерархија.
Нашите активности се насочени кон реализација на проекти кои носат долгорочна корист за Прилеп:
Локален активизам и урбани иницијативи
Реализираме проекти за уредување, чистење и зазеленување на јавни површини, како и поставување на соодветна урбана опрема.
Развој на дигитални платформи
Градиме софтверски решенија кои им овозможуваат на граѓаните полесно да ги лоцираат, пријават и решат проблемите во нивните маала.
Застапување пред институциите
Делуваме како легитимен глас на заедницата пред локалната власт, барајќи одговорност, отчетност и брза реакција за прашањата од јавен интерес.
Финансискиот модел на „Мојот Град — Прилеп" е поставен врз основа на апсолутна транспарентност. Здружението се финансира преку донации од граѓани, поддршка од општествено одговорни компании и фондови наменети за развој на граѓанското општество.
Сите собрани пари се враќаат директно назад во проекти за градот.
Средствата се трошат исклучиво за:
Набавка на материјали, садници, урбана опрема и сè што е потребно за физичко изведување на иницијативите.
Одржување и развој на дигиталната платформа која овозможува организација и гласање на акциите.
📋 Детален финансиски извештај се објавува квартално на оваа страна и се испраќа до сите членови по е-пошта.
За разлика од традиционалните организации каде тесен круг на луѓе одлучува за сè, кај нас одлучува целата заедница. Процесот е целосно отворен и дигитализиран:
Предлог
Секој граѓанин може да поднесе идеја или предлог-проект за подобрување на некој дел од градот.
Гласање
Сите пристигнати предлози и иницијативи се објавуваат на нашата страница. Таму, вие — граѓаните на Прилеп, гласате кои проекти ви се најприоритетни.
Реализација
Проектите кои ќе добијат најмногу гласови од заедницата се оние во кои ги вложуваме собраните средства и заеднички ги реализираме на терен.
На овој начин, вие имате директна контрола врз тоа каде завршува секој денар и кој проект ќе биде следен реализиран во Прилеп.
Твојот глас е твојата акција.
Погледни ги активните предлози, поддржи ги со твојот глас или поднеси нова иницијатива.
Активни иницијативи →За прашања, соработка, медиуми или само за да кажеш здраво.
mojpprilep@gmail.comПрилеп, Северна Македонија