
Чистење на билборди
Јоска Јорданоски
Предлагам тие што се одговорни за нивните билборди да си ги одржуваат чисти, а не да ни огрдуваат градот.
Уште 21 гласови до прва фаза

Јоска Јорданоски
Предлагам тие што се одговорни за нивните билборди да си ги одржуваат чисти, а не да ни огрдуваат градот.
Уште 21 гласови до прва фаза
Предлагам да де организира годишен болдеринг натпревар во Прилеп заради тоа што луѓе идат од странство само да се качуваат на одредени места (мислам дека беше маркови кули). Да се соработува со постоечкиот болдеринг клуб во Прилеп (Златоврв, ако не се лажам). Може да доаѓаат посетители и учесници од други градови и да се продаваат карти, да биди препознатлив настан.
Уште 23 гласови до прва фаза
Да се преземат податоците од Министерство за животна средина или од апликацијата “мој воздух”
Уште 17 гласови до прва фаза
Изградба/отворање на стационар со соодветни услови за улични кучиња. Стационарот да има соодветни боксови и заштита од временски услови, простор за карантин и болни животни, ветеринарна грижа, редовна стерилизација/кастрација, вакцинација и чипирање, простор за социјализација и движење и организиран систем за вдомување. Граѓаните што сакаат би можеле доброволно да донираат, а средствата да одат исклучиво за храна, ветеринарни услуги, лекови и подобрување на условите. На пример, 1.000 граѓани × 200 денари би биле 200.000 денари месечно, односно 2,4 милиони денари годишно дополнителна поддршка.
Уште 16 гласови до прва фаза
Иницијативата би се реализирала постепено, по фази и согласно утврдените приоритети, потребниот обем на работите и расположливите средства: - Поставување повеќе и поголеми канти за отпад во првата фаза, а во блиска иднина и 1–2 подземни контејнери. - Репарација и одржување на детските играчки, спортските терени, клупите и останатата урбана опрема. - Збогатување на содржините со дополнителни катчиња и играчки за деца, шаховски табли, дополнителни спортски и рекреативни терени и слични содржини. - Изградба на најмалку 2–3 дополнителни паркинзи на различни локации, поблиску до пешачката патека, со уредување и асфалтирање на пристапните патишта. - Изградба на патека за трчање. - Продолжување на постојната пешачка патека до главниот извор на езерото како прва фаза, потоа продолжување од страната кај боровите, а во последната фаза уредување и заштита на браната и нејзино претворање во безбедна пешачка патека. Со поврзувањето на сите фази би се добила пешачка патека во форма на круг околу езерото. - Изградба на велосипедска патека до езерото, а во подоцнежна фаза и велосипедска патека околу самото езеро. - Овозможување поставување кафулиња, ресторани и други соодветни објекти околу езерото, преку концесија или друг соодветен модел, со цел просторот да добие дополнителни содржини достапни за сите граѓани. Целта е постојниот парк постепено да се претвори во уреден, функционален и атрактивен простор за спорт, рекреација, дружење и престој во природа – достапен и корисен за сите граѓани.
Уште 10 гласови до прва фаза
Предлагам поставување на мали улични корпи за отпадоци на главните и пофреквентните улици во населбите во Прилеп. Корпите би можеле да бидат прицврстени на постојните бандери, со што ќе се спречи нивно превртување, поместување или растурање на отпадот од улични кучиња.
Уште 11 гласови до прва фаза
Велко Јанкулоски – Стариот
На ул.Велко Јанкулоски Стариот (широката улица), да се постави лежечки полицаец со цел намалување на брзото возење и намалување на сообраќајните незгоди.
Уште 17 гласови до прва фаза

Цане Илиоски со Кеј 9ти Септември
Поради голем обем на сообрајќај кој поминува низ ова мовче мислам дека ако се прошири со уште една лента би било големо олеснување и забрзување на сообрајќајот за пола град
Уште 11 гласови до прва фаза

Кеј 9-Ти Септември
На оваа улица иако е населено место некои личности пребрзо возат, ги загрозуваат животите на луѓето и животните.
Уште 18 гласови до прва фаза
Кузман Јосифоски
Предлагам да се постават лежечки полицајци на крстосница од ул.Кузман Јосифоски со ул.Егејска поточно во близина на огледалата поради зголемен број на сообраќајни незгоди
Уште 13 гласови до прва фаза
Генерал Васко Карангелески
Здраво,на оваа улица се вози многу брзо преку текот на цел ден ,не се почитуваат воопшто пешачките премини и најдоброто решение за намалување на брзината и безбедност е лежечки полицаец.
Уште 18 гласови до прва фаза
Постои голема опасност од сообраќајни незгоди во потегот на ул. Александар Македонски од Димо Наредникот накај фабрика "Еурокомпозит". Постојат возила кои буквално прават трки.
Уште 13 гласови до прва фаза