Дупка на „патО” 5
Рид · Оваа дупка е резултат на не завршената работа на ЈКП „Водовод и канализација ”- Прилеп. Имаме многу вакви случаеви,така да, не чувствувам потреба да ви објаснам каква е оваа ситуација:). Апел до надлежното претпријатие.
Дупка на „ патО” 4
Рид · Оваа дупка се наоѓа на шахта и при вртење, со било кое моторно возило, таа претставува вистински проблем и опасност од расипување на моторното возило. Апел до надлежното претпријатие.
Дупка на „ патО” 3
Центар · Оваа дупка е резултат на ЈКП „Водовод и канализација ” - Прилеп:), кога вршеа поправка на цевка. Оваа дупка се протега ~5/6m, скоро низ цела улица. Проблем е при вртење со автомобил, најчесто се паркираат возила на тротоарот и пешаците немаат каде да одат и постои опасност на несакана сообраќајна несреќа. Оваа дупка се наоѓа во близина на театарот. Апел до надлежното претпријатие.
Мрак на „ патО”
Центар · На ул. Кузман Јосифовски-Питу нема никакво осветлување ( освен од сообраќајот, од таму е светлото на сликата) после Пиво фест. На скоро цела улица нема осветлување и е тотален мрак. Во споредбата уличка нема никакво осветлување ни од дуќан, ни од градското осветлување. Ова претставува вистински проблем за сите граѓани. Апел до надлежното претпријатие. Сликата е со додаден филтер за да се осветли, да може се види неисправната сијалица, која е една од многуте.
Дупка на „ патО” 2
Рид · Овие две дупки не знам од кога постојат, но не се сегашни. Овие две дупки се наоѓаат веднаш до детско игралиште, приватна детска градинка и основно училиште. Дупките се наоѓаат на самото поврзување на две улици. Тие претставуваат проблем за сите вклучени во сообраќајот.
Дупка на „ патО”
Рид · Пофалба за оние или оној кој ја санирал оваа дупка. Оваа нека не биде последна санација на дупка во градот, продолжете така:)