Паркинзи за велосипеди
Булевар Гоце Делчев, Центар
Опис
Мојот предлог е низ Прилеп (центарот, булевар Гоце Делчев итн) да се постават модерни паркинзи за велосипеди односно метални рамки кои би овозможиле заклучување на точакот на три точки - рамка, предно и задно тркало. Придобивки од поставување на паркинзи за велосипеди: - Максимална заштита од кражби: Заклучувањето во 3 точки (рамка, предно и задно тркало) овозможува стабилно потпирање и користење сигурносни катинари, со што драстично се намалува ризикот од кражба и оштетувања. - Растеретување на сообраќајниот метеж: Едно паркинг место за автомобил може да собере 8 до 10 велосипеди, со што се ослободува простор и се намалуваат сообраќајните метежи во центарот и се намалува ʼкризата за паркинг во Прилепʼ. - Поддршка за локалните бизниси: Лесниот и безбеден пристап ги поттикнува велосипедистите почесто да застануваат и да пазарат во локалните продавници и кафулиња. - Уреден и пристапен јавен простор: Се спречува неконтролираното врзување велосипеди за бандери, дрвја и огради, што го олеснува движењето на пешаците и му дава современ изглед на градот. - Здрава и чиста средина: Безбедната инфраструктура ги мотивира граѓаните да изберат велосипед наместо автомобил, со што се намалува загадувањето и се поттикнуваат здрави навики. Следен чекор по поставување на ваквите паркинзи за велосипеди би било да се направи голем паркинг за велосипеди, на минимум два спрата :)
Кој проблем го решава?
Најмногу го адресира проблемот со паркинг гужвата во Прилеп - Прилеп е релативно рамен град (освен неколку населби) и секој може да пристапи до центарот со точак. Со поставување на метални рамки за паркирање на велосипеди ќе се поттикнат граѓаните повеќе да го користат велосипедот како превозно средство (наместо кола за еден човек).
Очекуван ефект
- Поздрава заедница: Ги поттикнува граѓаните на секојдневна физичка активност и го намалува стресот во сообраќајот. - Почиста животна средина: Доведува до помалку издувни гасови, почист воздух и помалку бучава во градското јадро. - Модерен и привлечен град: Гради позитивен, европски имиџ на градот и го прави попријатен за жителите и туристите. Ја зголемува потребата за нови функционални велосипедски патеки насекаде низ градот :)