Возилата на тротоар а пешаци на улица
Центар · Ова е генерален проблем во цел град, возилата се паркираат на тротоарите кои и онака ги немаме па и уште таму каде што ги има истите се узурпирани со паркирани возила. Како граѓани воопшто немаме чувство за околината дека има родители со колички за деца или мали дечиња кои се приморани да се движат на улица затоа што тротоарот е узурпиран, возрасни лица кои се изложени на ризик и се приморани да одат на улица.
Тротоари
Типски · Од мостот кај касарните до мостот кај месарница Димес од страна на типските нема тротоар за пешаци и истите се принудени да одат на улица.
Руиниран парк
Центар · Паркот има потреба од целосно реновирање
Хаварисано возило
Центар · Возилото подолг период стои на паркингот и од него се шири непријатна миризба